Екипата на Интер успеа да се пласира во полуфиналето на Купот на Италија по победата над Рома со 2:0. Ова беше враќање на Жозе Мурињо на „Џузепе Меаца“ и дуел против Интер, клубот со кој ја освои тројната круна во 2010 година.
Мурињо сега како тренер на Рома не успеа да најде начин како да го спречи шампионот во походот кон трофејот од Купот.
Един Џеко погоди уште во првата минута од мечот. Босанецот му даде гол на својот поранешен клуб. Во второто полувреме Алексис Санчез зголеми на 2:0 и само го поплочи патот до полуфиналето. До крајот имаше уште 25 минути но гостите од Рим не успеаа да се вратат.
Интер во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Лацио-Милан кој се игра во среда (9.февруари).
🚨⚽️ | EDIN DZEKO PUTS INTER 1 – 0 UP! WHAT A FINISH! Inter Milan 1 – 0 Roma
pic.twitter.com/9FiqjNCiKh— Football For You (@FootbaIlForYou) February 8, 2022
What a goal from Alexis Sanchez 🔥 #InterRoma
pic.twitter.com/BnUgALpHRt— Italian Football News 🇮🇹 (@serieadotcom) February 8, 2022