Бразилскиот Палмеирас ќе игра во финалето на Светското клупско првенство откако вечерва во полуфиналето го совлада Ал Ахли од Египет со 2:0. Рафаел Веига го отвори резултатот со гол во 39. минута и тоа после одличното додавање на Дуду. Четири минути во второто полувреме Дуду ја затресе мрежата на африканскиот првак што се покажа и како конечен резултат на крајот.
Во 73. минута Мохамед Шариф постигна гол кој по реакција на ВАР судијата Клеман Турпин го поништо поради офсајд.
Палмеирас влезе во финалето, а неговиот противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу европскиот првак Челзи и домаќинот Ал Хилал од Саудиска Арабија. Тој натпревар се игра во среда со почеток од 17:30 часот.
На 12. февруари ќе се играат натпреварите за третото место како и оној за титулата.
Watch how Brazilian club Palmeiras beat Egyptian club Al Ahly 2-0 in the Semi Final of the Club World Cup.
Raphael Veiga and Dudu got the goals. pic.twitter.com/1OPbl5nULD
— Mutala Yakubu🇬🇭 (@Mutalayakubu10) February 8, 2022
Second goal from Dudu pic.twitter.com/mvzfJ055NG
— Mutala Yakubu🇬🇭 (@Mutalayakubu10) February 8, 2022