Пелистер конечно се покажа во вистинско светло во АБА 2-лига. Во својата дебитанската сезона и првите седум меча не успеа да ги исполни очекувањата според ростерот со кој располага. Но, токму на првиот дуел во „балонот“ во Бања Лука им најави на противниците дека ќе имаат голем проблем, а дека битолчани се повеќе од последните места на табелата.
Избраниците на Марјан Илиевски одиграа одличен меч против Младост Земун и ја забележаа втората победа оваа сезона во АБА 2-лига, вечерва (21 часот) ги чека нов предизвик, против Рогашка.
Станува збор за противник, кој се наоѓа на 13. место на табелата, едно зад Пелистер. Двата тима за првпат ќе се врстат „копјата“, Рогашка зад себе го има убедливиот пораз од Подгорица, додека македонскиот претставник убедливото издание против Младост, што пак ќе биде доволен мотив за да одново блесне и дојде до победата број три, со која ќе направи чекор напред од опасната зона на табелата.
ФОТО: АБА2-ЛИГА/Драгана Стјепановиќ