Тренерот на Милан, Стефано Пиоли денеска објави дека нема да може да смета на Злата н Ибрахимовиќ ниту за утрешниот куп дуел против тимот на Лацио. Од друга страна пак рече дека Анте Ребиќ и Фикаијо Томори веројатно ќе бидат во комбинација.
„ Златан е како лав во кафез. Неговата мотивација и амбиција се да му помогне на тимот најмногу што може. Тој дава се од себе да се опорави. Тоа секако не е можно за утрешниот меч, но ќе видиме за следните. Анте Ребиќ тренираше вчера, па денеска ќе видиме дали ќе може да игра. Денеска ќе одлучуваме и за Фикаијо Томори . Вчера добро тренираше и дефинитивно е подобар. Јасно е дека колку повеќе тренира, толку повеќе ќе му се подобрува состојбата. Мислам дека можеби ќе биде подготвен утре, но ќе видиме дали ќе биде стартер или ќе се појави како резерва“ – изјави Пиоли.
Милан и Лацио утре го играат дуелот во рамките од четвртфиналето во Купот на Италија со почеток од 21:00 часот.