Позната италијанска компанија ќе ги „облекува“ националните кошаркарски селекции

355

Италијанската компанија за спортска опрема „Макрон“ е нов технички спонзор на македонската кошаркарска федерација, и во наредниот период ќе ги облекува нашите национални селекции.

„Макрон“ ќе ги „облекува“ нашите најдобри кошаркари, веќе во продолжението на мундијалските квалификации. Односно за „двомечот“ против селекцијата на Грузија, кој се игра на 24. во Тбилиси, односно 27. февруари во Скопје.

„За прв пат по еден подолг период, можам и официјално да потврдам дека обезбедивме технички спонзор кој ќе биде сервис за сите наши национални селекции. Постигнавме договор со ‘Макрон’, позната спортска компанија која е една од оние кои имаат референци кои во целост одговараат на нашите барања и  понатамошни планови. Се договоривме за соработка која ќе биде во траење од четири години. Односно по два квалификациски циклуси. Искрено се надеваме дека ќе биде успешна и дека двете страни ќе бидат задоволни од она што го договоривме“- потенцира генералниот секретар Владимир Георгиевски за договореното со новиот технички партнер на нашата федерација.

„Макрон“ е италијанска компанија од Болоња, која има богато спортско „портфолио“. Особено ако се земе в предвид дека се грижи за изгледот, дизајнот и квалитетот на доста голем број на национални тимови во повеќе спортови.

Во оној кошаркарски сегмент, „Макрон“ е дел од повеќе италијански клубови како Виртус Болоња, Варезе, Виртус Рома, Реџана, а застапен е и во германската Бундеслига, каде нивните производи го користат кошаркарите на Лудвисбург.

Ова е вториот технички спонзор со кој федерацијата потпиша документ за долгорочна соработка. Пред извесно време, турскиот моден гигант „Кигили“ стана дел од Македонската кошаркарска федерација, и ќе се грижи за изгледот на нашите репрезентативни селекции во наредниот период.

ПретходноИнзаги не се надеваше на ваков потег!
СледноДарко Велковски стана татко – се роди Ведран