Серијата победи продолжува: Голден Стејт славеше и деветтипат во низа

80

Кошаркарите на Голден Стејт синоќа го совладаа тимот на Оклахома со 110:98 и така дојдоа до деветтиот последователен триумф во НБА лигата. Клеј Томпсон го предводеше гостинскиот тим со 21 поен, на Стивен Кари му недостасуваше еден скок за трипл-дабл (18 поени, 10 асистенции и девет скока), додека Џонатан Куминга додаде 16 поени во победата на „воините“.

На табелата во Западната конференција Голден Стејт е втор со 41 победа и 13 порази, додека Оклахома е претпоследна.

Вредна победа на гости обезбедија и кошаркарите на Феникс победувајќи го Чикаго со 127:124. Гостите во третата четвртина водеа со 88:61, а Чикаго во финишот го ублажи резултатот со серија од 12:0.

Девин Букер постигна 38 поени за тимот од Аризона, со пет асистенции и четири скока и така успеа да ја мине границата од 30 поени на три од последните четири натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Торонто 101-116

Вашингтон – Мајами 100-121

Чикаго – Феникс 124-127

Оклахома – Голден Стејт 98-110

Јута – Њујорк 113-104

ПретходноЗОИ 2022: Мајер го одбрани олимпиското злато во Супер-Џи
СледноТрето злато за Кина: Гу е нова олимписка шампионка во Биг-Ер (ВИДЕО)