Тимот на Силекс денеска го одигра последниот пријателски меч на подготовките во Анталија своладувајќи го вториот тим на Рапид Виена со конечни 1:0. Стрелец на единственот гол за Кратовци на овој меч беше Ѓорѓи Танушев.
Силекс одлично се прикажа во овој дуел со екипата која што настапува во втората по ранг Бундес лига на Австрија, и заслужено победи.
Ова воедно беше и последната активност на Кратовци во Анталија, а експедицијата утре се враќа во Македонија.