Пасионираните колекционери за сликички од фудбалери потајно знаат колку нивните колекции за неколку децении ќе вредат далеку повеќе одколку што се во суштина платени, но понекогаш истите во зависност од нивната реткост чинат вистинско богатство.
Како на пример онаа сликичка на Кристијано Роналдо од неговата прва сезона како профериосналец во редовите на Спортинг Лисабон. Од неа се останати десетина што се во перфектна состојба па како таква една од нив деновиве на аукција е продадена за неверојатно 60.000 фунти.
Серијата на Панини била испечатена во Италија специјално за потребите на Португалската федерација за сезоната 2002 година, на која Кристијано Роналдо се појавува за прв пат. Секако, сликичката веројатно била двојник затоа е и толку вредна затоа што не е залепена во албумот за таа сезона, туку е во перфњектна состојба.
See Photo of Cristiano Ronaldo’s Panini Playing Card Sold for Almost £60,000 https://t.co/eoRn4X4uVb
— Global Times Nigeria (@globaltimesng) February 8, 2022