Ставре Јада 86-ти во квалификациите на спринтот на 1,5 километар

198

Македонскиот нордиец Ставре Јада утрово се појави во квалификациите во машкиот спринт на 1,5 километар на Зимските олимписки игри во Пекинг и на крајот во конкуренција на 88 нордијци кои ја завршија трката го освои 86. место.

Јада стартуваше како 87. и оствари време од 3:29.13 минути, што практиќно беше заостанување од 44,1 секунда зад најдобриот во квалификацискиот дел, Лукас Шанава од Франција.

Јада не успеа да обезбеди пласман во вториот круг од трката, каде место имаат само првите 30 нордијци од квалификациите.

ПретходноБарди осуден на четири месеци затвор поради возење со лажна дозвола!
СледноНови детали од скандалот со Овермарс: На колешките им праќал слики од пенисот