Франција му се израдува на првото злато на ЗОИ во Пекинг

103

Квентин Филон Маје го освои златниот медал во биатлон на 20 километри. Французинот имаше две промашувања во четири серии, но успеа да ги надополни сите неуспеси со извонредно трчање и до целта стигна за 48:47.4. Ова е и прво злато за Французите во Кина. Досега на Игрите имаат освоено четири сребрени медали.

Првиот медал за Белорусија го донесе Антон Смолски. Тој заврши со заостанување од 14,8 секунди зад Французинот. Јоханес Тињес Бо од Норвешка на крајот заврши на третото место.

ПретходноНеверојатен погодок: Со волеј од својата половина во противничката мрежа (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 на поправен во Нови Сад против тимот кој лани го „растури“!