„Ѓаволите“ испуштија бодови кај Барнли, Роналдо не беше во стартниот состав (видео)

225

Екипата на Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 на гостувањето кај Барнли во 24. коло на Премиер лигата. Тренерот Ралф Рангник одлучи да го остави Кристијано Роналдо на клупата, а во првото полувреме неговиот тим беше одличен. Во 13. минута погоди Варан чиј погодок беше поништен поради офсајд, а пет минути подоцна, сепак, гостите од „Олд Трафорд“ поведоа со погодок на Пол Погба.
На стартот на второто полувреме Џеј Родригез го изедначи резултатот. Вегхорст одлично се ослободи од двајца дефанзивци на Јунајтед му асистираше на Родригез кој во дуел еден на еден со Де Геа ја погоди мрежата.
Роналдо влезе во 63. минута но тоа не донесе промена на резултатот. По овој кикс Јунајтед е на петтата позиција на табелата и вон четворката која оди во ЛШ.

ПретходноИлиевски: Ја немавме истата енергија, со 20 изгубени топки не се победува!
СледноИнтер ја совлада Рома и се пласира во полуфиналето на Купот (видео)