Њукасл ги стопи „карамелите“ на Лампард, два автогола за две минута (видео)

281

Екипата на Њукасл го демолира Евертон со 3:1 во меч од 24. коло на Премиер лигата со 3:1. „Страчките“ конечно одиграа квалитетно и впишаа три бода кои им се значајни во битката за опстанок. Во првото полувреме паднаа два гола и двата автоголови. Прво Лакселес донесе водство за Евертон во 36. минута, а една минута подоцна Холгејт си ја затресе мрежата за 1:1.

Во второто полувреме Фрејзер зголеми на 2:1, а во 80. минута Трипие ги постави конечните 3:1.

Ова е прв пораз на Лампард на кормилото на Евертон (во вториот меч).

Њукасл е на 17-тата позиција со 18 бода, два повеќе од опасната зона. Евертон е едно место погоре со 19 бода.

А Вест Хем со 1:0 го совлада Вотфорд и ја продолжи трката за четвртото место кое води во ЛШ. Победата ја обезбеди Бовен со голот во 68. минута.

 

 

ПретходноЗијеш: Селекторот лаже, но нема врска… нема повеќе да играм за националниот тим
СледноБледо издание на Пелистер – поразен од еден од двата тима кои имаа полслаб скор (ФОТО)