Драган Стојков е нов играч на Тиквеш

1579

Искусниот играч за врска, Драган Стојков е нов играч на тимот на Тиквеш. Досегашниот член на Работнички, зимава го напушти Градски парк и имаше опција да замине во странство, но сепак, се одлучи да премине во Кавадарци.

Тој ќе биде дел од новиот, реновиран тим на Тиквеш, кој под водство на Влатко Костов ќе се обиде напролет да одигра сосема поинаква улога во ПМФЛ сезонава, отколку есеноска, и да обезбеди што побргу опстанок. Тоа нема да биде ни малку лесно, па затоа се доведуваат искусни и пред се квалитетни играчи.

Стојков е некогашен репрезентативец на Македонија и има зад себе долги години на интернационално искуство со играње во Србија, Грција, САД….

 

ПретходноСкопје се засилува со играч на Утрехт (ВИДЕО)
СледноСалах: Следниот пат ќе им се одмаздиме (ВИДЕО)