Одредени термините за двомечот со Норвешка

266

Македонската женска ракометна репрезентација во рамките на ЕХФ-неделата ќе одигра двомеч со Норвешка. Дуелот со европскиот и светски првак во Скопје е закажан на 21 април во салата „Борис Трајковски“. Реванш ќе се игра три дена подоцна во градот Бекестуа.

Македонија во март има две средби, исто во рамките на ЕХФ Купот ќе игра против Словенија на гостински терен (3. март) во Целје, три дена подоцна овие две селекции ќе се сретнат во Скопје.

ПретходноСалах: Следниот пат ќе им се одмаздиме (ВИДЕО)
СледноХаким Зијеш нема повеќе да игра за Мароко