Силекс подобар од Рапид Виена

747

Тимот на Силекс денеска го одигра последниот пријателски меч на подготовките во Анталија своладувајќи го вториот тим на Рапид Виена со конечни 1:0. Стрелец на единственот гол за Кратовци на овој меч беше Ѓорѓи Танушев.
Силекс одлично се прикажа во овој дуел со екипата која што настапува во втората по ранг Бундес лига на Австрија, и заслужено победи.

Ова воедно беше и последната активност на Кратовци во Анталија, а експедицијата утре се враќа во Македонија.

 

ПретходноИграч на Лил му побара дрес на Меси, па се изненади од неговиот потег (ВИДЕО)
СледноАдеми доби „капитенски“ мурал среде Загреб