Квентин Филон Маје го освои златниот медал во биатлон на 20 километри. Французинот имаше две промашувања во четири серии, но успеа да ги надополни сите неуспеси со извонредно трчање и до целта стигна за 48:47.4. Ова е и прво злато за Французите во Кина. Досега на Игрите имаат освоено четири сребрени медали.
Првиот медал за Белорусија го донесе Антон Смолски. Тој заврши со заостанување од 14,8 секунди зад Французинот. Јоханес Тињес Бо од Норвешка на крајот заврши на третото место.