Хаким Зијеш нема повеќе да игра за Мароко

535

По сите проблеми кои настанаа, пред и за време на одигрувањето на Африканскиот куп на релација селектор на Мароко, Вахид Халилхоџиќ, најдобар играч, Хаким Зијеш, членот на Челзи објави дека нема повеќе да настапува за националниот тим.

Околу неговиот однос со селекторот многу се пишуваше, пред се поради наводната недисциплина на Зијеш, за што беше казнет, па затоа веројатно и доаѓа оваа негова одлука за повлекување од националниот тим. Јавноста во Мароко во голема мера застана на страната на селекторот, почитувајќи ја неговата одлука да одигра строго спрема Зијеш кој е сметан за фудбалски бог во Мароко, и да не го става во игра, нешто што Зијеш очигледно дека не може да го поднесе.

 

ПретходноОдредени термините за двомечот со Норвешка
СледноИграч на Лил му побара дрес на Меси, па се изненади од неговиот потег (ВИДЕО)