Социјалните мрежи колку се добри, толку и се лоши за спортистите, кои се постојано под будното око на јавноста. Најсвеж пример за ова ни доаѓа од Англија. Ѕвездата на Манчестер Сити, Џек Грилиш е фатен пред едно кафуле во издание кое нема да му се допадне на менаџерот, Пеп Гвардиола.
Од него кружат снимки под дејство на алкохол. Бил во таква состојба што еден ноќен клуб не сакале да го пушти, а потоа морал да го напушти просторот пред зградата. Грилиш не се трудеше премногу да се расправа.
“Џек е бесен, не смее да влезе. Погледнете го. Пијан е и лут”, се слуша на снимката.
Grealish ‘turned away from a bar for being too drunk’ 😳#Greenwood #grealish #Jackgrealish #kylewalker #ManchesterCity #mancity #grealishdrunk pic.twitter.com/L56AbZzVs7
— 4Football TV (@4footballtv) February 8, 2022
Грилиш пред два месеци беше исфрлен од првиот тимпоради лошата форма и однесување. Да потсетиме, Манчестер Сити минатото лето го купи Џек Грилиш од Астон Вила за 117,5 милиони евра. За Сити оваа сезона постигна три гола на 24 натпревари, а има и три асистенции.