Буњамин Шабани: Струга ТЛ против Шкендија си има свои калкулации!

254

Претстојниот викенд стартува пролетниот дел од тековната сезона 2021/22 во ПМФЛ. Има неколку интересни, посебно оној во Тетово каде Струга ТЛ и гостува на Шкендија. Секогаш дуелите меѓу овие две екипи носеле неизвеснот, се верува дека така ќе биде и овојпат.

Со то се сложува и Буњамин Шабани, капитенот на Струга ТЛ.

“Знаеме дека Шкендија во овој преоден рок значително се засили, но сепак и ние како екипа си ги правиме нашите калкулации, така да во Тетово одиме да го дадеме најдоброто, бидејќи во овој период навистина ни недостасуваат официјалните натпревари на зелениот терен, каде што целиот тим го дава максимумот . Токму против Шкендија, но и во другите пролетни натпревари ќе излезе на виделина резултатот од подготовките направени во подготвителната фаза“вели Шабани.

Во продолжение капитенот на струшкиот прволигаш вели дека е добро што нема повередени играчи и дека едвај се чека да стартува пролетниот дел.

Досега подготовките се одвиваат многу добро, се се одвива според планот. Најважно е што немаме повреди и работиме со висок интензитет.Како што е познато втората фаза од подготовките ја одржавме во Драч, каде одигравме и 5 контролни натпревари. На сите овие натпревари, каде резултатот беше во втор план, сите играчи го дадоа максимумот, па мислам дека подготвени го дочекуваме стартот на сезоната што за нас како екипа започнува в недела со натпреварот во Тетово против Шкендија“.

ПретходноСудиите подготвени за пролетниот дел од сезоната! (ФОТО)
СледноЗаработка од 32 милиони долари: Тајсон Фјури на 23 април на “Вембли“ ќе ја брани титулата!