Бакр Абделаоуи и Андрија Секулиќ се нови членови на Академија Пандев. Бакр игра на позицијата лево крило и има 24-години. Ја има поминато младинската школа на Хетафе, а во својата сениорска кариера има настапувано за вторите тимови на Легањес и Алкоркон, а во Академија Пандев доаѓа од тимот на Љунгскиле од Шведска. Секулиќ има 19 години и игра на позицијата централен дефанзивец. Последен клуб за кој настапувал е тимот на Слога Краљево. И двајцата фудбалери се со тимот од почетокот на припремите и веќе имаат одиграно неколку пријателски натпревари, па стручниот штаб даде зелено светло за нивен ангажман.