Пандев: Во Парма има историја, сакам да го вратам тимот каде што заслужува да биде!

300

По малку сензационално, Горан Пандев од Џенова се пресели во Парма, во тимот кој што игра во Серија Б. На првиот меч Македонецот против Беневенто не успеа да се запише во листата на стрелците, но според него првите впечатоци се импресивни…

Во Парма има историја, ова е важен тим во италијанскиот фудбал. Емоциите се одлични, се надевам дека ќе помогнам да се врати Парма каде што заслужува да биде. Убава средина, прекрасен стадион и прекрасна фудбалски приказна. Затоа избрав да дојдам тука и среќен сум, тоа не го кријам“ истакна Пандев за медиумите во Италија.

ПретходноЕ. Пелистер 2 ги освои планираните бодови против Струга
СледноСплит во еуфорија: По Калиниќ на лето во Хајдук се враќа и Перишиќ!