Кошаркарките на Бадел 1862 немаа сили за изненадување на денешниот меч со Војводина во ВАБА лигата. На домашен терен, „баделки“ беа поразени од гостинките од Србија со 80:59.
Како клучен дел од поразот веројатно е слабиот старт. Нашиот тим го загуби првиот период од мечот со 21:8, што потоа беше тешко да се надополни негативата.
Трајчевска со 16 и Кметовска со 15 поени беа најефикасни кај „баделки“, додека кај гостинките Сара Лумис постигна 29 поени.