Битката за врвот продолжува, МЗТ Скопје на поправен против Подгорица

402

МЗТ Скопје на успеа да го искористи киксот на Борец Бања Лука, кој во минатото коло го запиша првиот пораз оваа сезона. Но, и покрај тоа што македонскиот првак беше совладан на првиот меч од Сутјеска, не го загуби чекорот за врвот.

Избраниците на Дарко Радуловиќ паднаа на третата позиција, зад лидерот Борец и Младост заостануваат на само еден бод, на своето конто имаат 14 бода, односно скор од шест победи и два порази.

Шанса за поправен „штрковите“ ќе имаат вечерва против Подгорица. Станува збор за противник кој се наоѓа во долниот дел од табелата, поточно на 12. позиција. Црногорскиот состав на првиот меч беше совладан од Рогашка, со македонскиот првак имаат одиграно само една средба претходно.

Во 2020 година, Подгорица славеше на гостувањето во салата „Јане Сандански“.

Мечот меѓу МЗТ Скопје и Подгорица е закажан со почеток од 21 часот. Од таборот на македонскиот првак најавија максимална борба и далеку подобар меч, од Бања Лука испратија порака дека ќе продолжат во битката за врвот.

ПретходноНејмар во трка со времето
СледноРистевски: Како да одам на работа кога сум на Олимпијада претседателе?