Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин дел Потро го одигра последниот меч во неговата кариера. Дуелот против Федерико Делбонис беше исполнет со емоции, на последниот сервис тој не издржа емоционално се распадна.
Дел Потро заплака пред преполните трибини во Буенос Аирес, доби громогласни аплаузи.
Аргентинец конечно се прости од професионалниот тенис. Тој по повеќе од три години по тешките повреди низ кои помина се врати на теренот и се прости таму каде што најмногу сакаше – дома.
“Дадов се од себе до последната минута. Среќен сум бидејќи мојот последен натпревар се одигра на теренот, а не на прес-конференција. Веројатно никогаш повеќе нема да се видиме. Ова е крај на мојата кариера”, изјави Дел Потро.
Лентата која беше заштитен знак на неговата глава ја остави на мрежата и со тоа го официјализираше дефинитивниот крај.