Е. Пелистер 2 ја оправда улога на фаворит против Струга славеше со 32-26 во меч од 19.коло во Супер-лигата. Гостите го отворија дуелот со 0-2, на другата страна избраниците на Александар Јовиќ вратија до шест гола во низа за 6-2. Битолскиот тим се опушти, Струга максимално го искористи овој момент, изедначи на 9-9, на одморот негативата беше 12-11. Е. Пелистер 2 успеа да дојде на плус два, но тоа не беше доволно да се урне отпорот на противникот. Струга изедначи на 15-15, имаше негатива од два до три гола, не се предаваше го држеше домаќинот во неизвесност до средината на второто полувреме, кога Е. Пелистер 2 ја врати позитивата од четири гола (23-19), потоа истата растеше за мирен финиш и значајни бодови во трката за место во плеј-офот.
Кузманоски постигна седум гола, Анастасијевиќ еден помалку. На другата страна Костоски имаше пет погодоци.