„Камп Ноу“ наскоро добива ново име!

203

Познатиот стадион на Барселона, „Камп Ноу“ во следните три години ќе има ново име. Откако каталонскиот гигант потпиша договор за спонзорство со компанијата „Spotify“ вреден 280 милиони евра, фановите се плашеа дека целото име на стадионот ќе замине во историјата.

Сепак името ќе доживее одредени промени, па ќе се вика „Spotify Camp Nou“.

Промената наскоро ќе биде и официјализирана, се чека договорот на двете страни да биде објавен.

Барселона рекламата „Spotify“ ќе носи и на дресовите, а сумата која раководството на клубот ја договори ќе биде рамномерна поделена во следните три сезони. Дел од овие пари, каталонскиот гигант ќе ги искористи за нови засилувања за враќање на старите патеки.

ПретходноПелистер го потпиша шестото засилување!
СледноРисте Јанков и официјално промовиран во Каспиј