Ливерпул е подготвен да ја плати откупната клаузула за талентот на Барселона Гави и со тоа да направи сериозен чекор во подмладување на екипата. Актуелниот договор на 17-годишниот вундеркинд истекува за 18 месеци. Има откупна клаузула вредна 50 милиони евра и на Енфилд сериозно размислуваат дали да го направат офанзивецот свој играч пишува денешен „Мундо Депортиво“.