Со голот на Ромелу Лукаку во 32.минута, Челзи успеа да триумфира против Ал – Хилал во полуфиналето од Светското клупско првенство и со тоа да си закаже пресметка во големото финале против Палмеирас од Бразил. Овој турнир се игра во Абу Даби (ОАЕ).
Сепак да кажеме дека на Челзи, иако победи и ја оправда улогата на фаворит, сепак не му беше така лесно. Во второто полувреме тимот од С. Арабија имаше неколку големи шанси за иозрамнување, но сепак на крајот европскиот првак славеше триумф и со тоа пласман во големото финале.