Никола Ѓорѓиев и екипата на АЦХ Волеј од Љубљана обезбедија пласман во полуфиналето на Челинџ купот, откако во реванш четвртфиналето на домашен терен славеа со 3:1 над португалскиот состав Бастардо.
Словенците победија и на првиот меч во Португалија со 3:2, па беа големи фаворити и на реваншот.
Маестралниот Никола Ѓорѓиев со 27 поени го предводеше словенечкиот тим до втора победа и место меѓу четирите најдобри во третото по ранг европско натпреварување.