Мекиќ го спаси МЗТ Скопје од голем срам во АБА2-лига (ФОТО)

298

Уште еден крајно неквалитетн меч видовме во „балонот“ во АБА 2-лига, а одново еден од двајцата актери на теренот беше МЗТ Скопје. Тимот од Аеродром во Бања Лука е непрепознатлив, далеку е од она издание од претходно. Овој пат се мачеше против еден од најслабите тимови во второлигашкото јадранско натпреварување, на крајот благодарение на Мекиќ успеа да дојде до победа од 76-75.

Со скор од седум триумфи и два порази, македонскиот претставник се врати на второто место, на бод зад Борец.

Првите поени во дресот на МЗТ Скопје ги запиша, Војдан Стојановски, застана на 14. Зад него беше Милошевиќ со 15. Херојот, Мекиќ имаше десет поени.

Македонскиот првак одлично влезе на овој дуел, поведе со 10-3, а за брзо време ја запиша и првата двоцифрена предност од 18-7. По првите десет минути беше 23-18. Во вториот период сликата се промени, избраниците на Дарко Радуловиќ пред крајот на вториот период, имаа негатива од 34-40, на одморот позитивата беше само еден кош (41-42).

МЗТ Скопје држеа ритам во воведните минути во третата четвртина, гостите со серија од 7-0 дојдоа до водство од 48-55 во 26 минута. Во период со многу промашувања, Подгорица успеа да ја сочува минимална позитива од 60-62.

Мечот беше отворен, шанса за победа имаа двата тима. Се мачеше МЗТ Скопје, Робев со тројка во 33. минута за 66-67 ги разбуди соиграчите. По серија промашувања, Кари израмни на 69-69 во 36. минута. Колку беше очаен МЗТ говореа бројните шанси кои ги имаше да направи здрав пресврт. По последните два поени на Подгорица (69-71) следеше пауза од две минути без ниту еден кош на теренот.

Мекиќ исто како минатиот натпревар погоди тројка за последен обид за кам-бек (72-73). И наместо напад за водство, Милошевиќ изгуби топка. Чарапиќ зголеми на 72-75. И одново „сино-белите“ не искористија напад, Војдан направи фаул во напад, среќа противникот не реализираше, па Рикиќ доближи на 74-75. На 11 секунди до крајот, следеше веднаш фаул, Чарапиќ не погоди слободно фрлање, Мекиќ погоди за 76-75.

Претходно„Црвено-црна“ доминација: Милан го прегази Лацио и обезбеди куп-полуфинале (ВИДЕО)
СледноСтоле и Рајо поразени од Бетис во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј (ВИДЕО)