Нов блесок на Јокиќ, рекорд на Дончиќ, Адетокумбо со историска партија ги уништи Лејкерс (ВИДЕО)

362

Денвер го доби дуелот „без одбрани“ против Њујорк, славеше со 132-115 на домашен терен за втора победа во низа, вкупно 30 оваа сезона. Нагетси со уште 24 порази се наоѓаат на шетото место на табелата во Западната конференција.

И овој пат во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ. Србинот продолжи да доминира на терените, беше близу до трипл-дабл. Зад своето име запиша 21 поен, 11 скока и 7 асистенции.

Покрај него добра партија пружи и Руки Бонс Хајленд со 22 поени, два помалку имаа Бартон и Грин, Гордон беше стрелец на 19 поени. На другата страна Рендел имаше 28 поени и 10 скока.

И Лука Дончиќ блескаше во дресот на Далас, кој го совлада Детроит со 116-86. За Маверикс ова беше 32 триумф, со 23 порази се наоѓа на петото место на табелата во Западот.

За Словенецот ова беше 32. натпревар постигнува барем 30 поени и 10 асистенции и тоа пред 23. роденден. Ваков скор имал само Оскар Робертсон.

Словенецот со 33 поени, 11 асистенции и 7 скока беше прво име во таборот на победникот.

Лејкерси паднаа пред првакот. Адетокумбо беше нерешлива енигма за одбраната на тимот од ЛА, па благодарение на него, Милвоки славеа со 131-116 на гостински терен.

Грчкиот ѕвер зад своето име запиша 44 поени, 14 скока и 8 асистенција, зад него беше Портис имаше 23 поени и 7 скока. Адетокумбо на оваа средба влезе во историјата на НБА лига, како трет играч кој на еден меч имал барем 40 поени, 20 скока и пет асистенции со 85% реализација од игра. Претходно ова им успеало на Чембрлен и Абдул-Џабар.

На другата страна Џејмс имаше 27 поени и 8 асистенции, додека Дејвис запиша 22 поени и 9 скока.

НБА – РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Феникс 109:114

Атланта – Индијана 133:112

Бруклин – Бостон 91:126

Мемфис – ЛА Клиперс 135:109

Њу Орлеанс – Хјустон 110:97

Далас – Детроит 116:86

Денвер – Њујорк 132:115

ЛА Лејкерс – Милвоки 116:131

Портланд – Орландо 95:113

Сакраменто – Минесота 114:134

ПретходноПетра Влхова сензационално до златниот медал на ЗОИ
СледноЕмоции: Дел Потро заплака на последниот гејм, ја остави препознатливата трака на терен (ВИДЕО)