Перез спрема мега – трансфер, не е Халанд…најдобриот е!

1021

Како што известува мадридски “АС“, Реал Мадрид веќе две години го следи Ерлинг Халанд, но Норвежанецот не бил пик бр.1 за “кралевите“ во летниот преоден рок.

Имено газда Флорентино Перез спрема “бомба“, спрема мега – трамнсфер а тоа е Роберт Левандовски.

Тој е најдобриот во светот по сите показатели, тој е напаѓачот бр. 1 веќе неколку сезони и негова желба е да дојде на “Сантијаго Бернабеу“ и тука да ја заврши својата кариера.

Се наведува дека на Лева договорот со Баерн му истекува во јуни 2023, па така “баварците“ би заработиле нешто како отштета.

Познато е дека Лева се уште нема потпишано нов договор со Баерн и покрај неколкуте барања на гигантот од Минхен.

Се разбира дека ова сака да го искористи Дон Флорентино и да создаде пеколно трио: Бензема – Мбапе – Левандовски.

Па нека се чуваат противничките одбрани.

ПретходноКонте: Го посакувам Ериксен повторно во моја екипа
СледноСудиите подготвени за пролетниот дел од сезоната! (ФОТО)