Петра Влхова сензационално до златниот медал на ЗОИ

277

Петра Влхова го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, беше најдобра на слаломската трка. Таа направи сензација, беше на осмото место по првата трка, заостануваше на 72 стотинки зад Лена Дир од Германија.

Влхова во втората трка успеа да стигне до време од 1:44.98 минута и да се искачи на подиумот. Сребрениот медал го освои актуелната светска шампионска Катарина Линсбергер, која само со само осум стотинки зостануваше зад Влхова. На третото место заврши Венди Холденер од Швајцарија.

ПретходноСе очекуваше да доминира на ЗОИ, но во Пекинг доживува кошмар
СледноНов блесок на Јокиќ, рекорд на Дончиќ, Адетокумбо со историска партија ги уништи Лејкерс (ВИДЕО)