Потврден прв допинг случај на ЗОИ 2022

155

Потврден е првиот допинг случај на Зимските олимписки игри во Пекинг. Станува збор за алпската скијачка, 36-годишната Савех Шемшаки од Иран, чиј тест бил позитивен на анаболичен стероид.

Шемшаки требаше да се натпреварува на своите трети игри во кариерата во Пекинг, бидејќи го претставуваше Иран во слалом и велеслалом пред 12 години во Ванкувер и пред осум години во Сочи. Најдобриот резултат го постигна во Сочи каде беше 31. во слаломската трка.

Претходно„Баделки“ немоќни на дуелот со Војводина
СледноЏовинко е нов играч на Сампдорија