Францускиот спортски весник „Л’Екип“ го објави платниот список на францускиот шампион ПСЖ кој е практично неспоредлив со ниту еден друг член на француската фудбалска елита.
Според текстот на „Л’ЕКип“, „светците“ само за плати трошат 629 милиони евра, вклучително и 136 милиони евра за различни одбитоци. Оваа сума е дури 37% од сумата која сите останати клубови во Лига 1 ја потрошиле за плати на фудбалерите.
Сумата од 629 милиони евра го става ПСЖ на првото место според висината на исплатените плати од сите европски фудбалски клубови. Минатата сезона парижаните за плати потрошија околу 500 милиони евра, а во сезоната 2019/20 – 414 милиони евра. Како тргнале, кој знае колкави плати ќе имаат следната сезона.