Работнички тоне ли тоне: Пораз и од Ангели во дебито на Михајловски!

228

Нема што, Работнички, нашиот најтрофеен кошаркарски клуб и натму тоне ли тоне, пред се на резултатски па и на секаков друг план. Попладнево и Ангели, му го зедоа „скалпот“ во заостанат меч од 14.коло. Пораз од 73:64 на гостувањето кај Ангели.

Инаку ова беше деби на новиот тренер на Работнички, Игор Михајловски, но и под негово водство на тимот на му оди и не му оди.

Со овој пораз тимот од Градски парк се одалечува од местата кои водат во плеј – офот.

Од друга страна ова на Ангели беше само втора победа во нашата елитна кошаркарска лига, тим кој што е убедливо последен на табелата.

Милков кај победничкиот тим забележа 18 поени, додека кај поразените Какруки и Марковски имаа по 17 поени.

ПретходноСплит во еуфорија: По Калиниќ на лето во Хајдук се враќа и Перишиќ!
СледноСилен отпор на Бутел Скопје, но бодовите за Е. Пелистер