Радуловиќ: Не посака среќата, добро е што победивме!

200

Во едно очајно издание МЗТ Скопје го запиша седмиот триумф во АБА 2-лига. Кошаркарите на македонскиот тим иако играа против еден од најславите состави во ова натпреварување, се мачеа за да дојдат до победата. Херојот е Адем Мекиќ, кој постигна два поени за голема радост во своите редови и победа од 76-75.

„На минатата средба повеќе ја заслуживме победата од денеска. Имаме голем проблем со загубени топки, на два меча мислам дека вкупно се околу 40, нешто што не е дозволиво за една шампионска екипа. Мора да го поправиме ова, барем да ги намалиме за 20%. Имавме и проблем со скокот, бевме подобри во спејсингот во напад. Имаше подобри делови. Добро е што победивме, сега не посака среќата, ни се врати за поразот од пред два дена“, изјави Дарко Радуловиќ.

ПретходноСтоле и Рајо поразени од Бетис во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј (ВИДЕО)
СледноНекогашен младинец на Хетафе ја засили А.Пандев!