Ред Бул стана вториот тим што го промовираше својот нов болид за сезоната 2022. Новиот болид го доби името RB18.
Од оваа година во Формула 1 стапија на сила новите технички прописи, според кои ќе се прават тркачките болиди на сите тимови. Шампионатот се префрли на употреба на бандажи од 18 инчи, а самите болиди како целина станаа малку поголеми и потешки.
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, на презентацијата на RB18 изјави дека тимот ја покажал само основната верзија на новиот болид и дека до почетокот на сезоната дизајнот ќе биде надополнет со значителен број детали.
Ready to send it 🔥 Bringing in a whole new era of #F1 with our fans 🤘 pic.twitter.com/jtpBptQmCJ
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) February 9, 2022
Introducing the lean, mean, #RB18 🔥 #F1 pic.twitter.com/8RldKjT4cE
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) February 9, 2022