Руфати се пресели во Романија

328

Агрон Руфати е нов член на тимот на Академика Клинчети од Романија. Досегашниот дефанзивец на тимот на Зорја од Украина си замина од овој клуб и во потрага по поголема минутажа потпиша за Романскиот прволигаш.

Руфати е екс Македонски младински репрезентативец кој одигра многу мечеви за нашите младински селекции, а фудбалски израсна во Хрватска каде што беше член на екипите на Динамо Загреб и на Истра.

 

ПретходноЛиверпул е подготвен да ја плати откупната клаузула на Гави
СледноКонте: Го посакувам Ериксен повторно во моја екипа