Симиќ со 11 погодоци му донесе 11-та победа на Тиквеш сезонава

108

Без посериозни проблеми, екипата на Тиквеш ја оствари и единаесеттата сезонска победа во Суперлигата. Во последниот вечерен дуел од 19. коло, кавадарчани на домашен терен го совладаа тимот на Скопје 2020 со 31:24.

Тиквеш беше голем фаворит и пред почетокот на мечот, а со играта во најголемиот дел од средбата го потврди статусот. Првиот дел им припадна на домашните со високи 16:9, но на стартот на второто полувреме Скопје 2020 успеа да се консолидира и да ја спушти негативата и до четири гола (26:22). Сепак, во продолжението Тиквеш не дозволи гостите комплетно да се вратат во мечот, го засилија темпото и успеаја да се вратат на пристојна предност до конечен успех.

Извонреден меч имаше Страхиња Симиќ кој постигна 11 гола за Тиквеш, додека кај гостите блескаше Александар Василевски со 9 гола.

ПретходноРед Бул го престави новиот шампионски RB18 болид (ФОТО+ВИДЕО)
СледноМаестралниот Никола Ѓорѓиев со 27 поени го однесе АЦХ Волеј во полуфиналето на Челинџ Купот