Враќањето на Никола Калиниќ во Хајдук во Сплит наиде на еуфорија и воодушевување. Некои нови ветришта како да дуваат во симболот на Далмација. Калиниќ со Ливаја во тандем секако дека е нешто посебно, но тоа не е се.
Имено се „шушка“ дека во јуни ќе има нов мега – трансфер, и тоа оној на Иван Перишиќ кој од Интер би се вратил во “својот“ Хајдук. Него му останува до јуни да го одработи договорот со шампионот на Италија.
Како што се напоменува, или подобро кажано шпекулира, имало начелни разговори и преговори, Перишиќ не кажал “НЕ“, што во Сплит се толкува како одличен старт на официјалните преговори.
Па така Хајдук со триото Перишиќ – Калиниќ – Ливаја во нападот сага конечно да ја урне доминацијата на Динамо Загреб и по цела деценија и повеќе да ја врати титулата во своите витрини.