Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано не успеаја да го искористат домашниот терен на првиот полуфинален меч против Бетис во Копа Дел Реј. Вечерва во првото полуфинале против Бетис на домашен терен, Рајо Ваљекано загуби со 2:1 и со негатива ќе патува на реваншот во Андалузија на 3 март, кога ќе се решава патникот во големото финале.
Тимот на Столе кој почна на голот и вечерва, тргна со водство благодарение на голот на Гарсија во 5. минута на мечот, но гостите дваесетина минути подоцна преку Борха Инглесиас успеаја да се вратат во егал за 1:1.
Клучниот момент на мечот беше 68. минута кога Карваљо погоди за целосен пресврт и конечни 1:2.