Во неверојатно возбудлив меч со многу пресврти, екипата на Тотенхем дозволи пораз на домашен терен од Саутемптон со 3:2 со што момците на Конте го прокнижија вториот последователен пораз во Премиерлигата по оној од градскиот ривал Челзи во минатото коло.
Тотенхем поведе преку автоголот на Беднарек во 18. минута, но Броја во 23. минута израмни на 1.1. Тотенхем стигна и до второ водство преку Сон во 70. минута, но гостите не се предадоа и со голот на Елунуси во 79. минута израмнија на 2:2. Само три минути подоцна Че Адамс направиц елосен пресврт за 2:3 за Саутемптон и шеста сезонска победа.
Шампионот Манчестер Сити и натаму незапирливо ита кон новата шампионска титула. И 14-ти меч по ред, момците на Пеп Гвардиола не знаат за пораз. Вечерва пред своите навивачи, „граѓаните“ со 2.0 славеа над екипата на Брентфорд со головите на Ријад Марез од пенал во 40. минута и на Кевин де Бруин во 69. минута од мечот.
Норич и Кристал Палас одиграа интересен меч кој на крајот заврши без победник 1:1. Интересно, гостите промашија пенал преку Заха, кој само неколку минути претходно израмни по водството на Норич од првата минута со голот на Пуки.