Во доминантна партија фудбалерите на Милан го прегазија Лацио со 4:0 и го потврдија своето место во полуфиналето на италијанскиот фудбалски куп. „Росонерите“ вечерва покажаа класа на дуелот со „римските орли“ и на крајот самоуверено зачекорија во битката за големото финале.
Рафаел Леао со голот во 24. минута ја отвори гол-серијата на која се надоврза Оливие Жиру со два гола во 41. и 45. минута за конечни 3:0 на полувремето.
Во вториот гол Милан ја забетонира победата со голот на Кеси во 79. минута. По Интер кој вчера обезбеди полуфинале, Милан е вториот тим кој стигна меѓу најдобрите 4 во Купот на Италија.