Милан и Лацио вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите во рамките на четвртфиналето во италијанскиот Куп. Пред дуелот на Сан Сиро, тренерот на Лацио, Маурицио Сари го критикуваше системот на натпреварување.
„Италијанскиот Куп е еден од најнеспортиските натпреварувања во светот заедно со ждрепката која никој не знае каде се одржува и кој е задолжен за неа. Сепак истото ова натпреварување им помага на одредени тимови да добијат шанса да бидат на ТВ3, изјави искусниот стратег.
Сари потенцира дека овој меч доаѓа во вистинско време.
„Овој меч доаѓа во вистинско време за нас и за Милан. Добивме тешки мечеви кои не овозможија да ја зголемиме нашата самодоверба и гладни сме да играме против силни екипи кои се борат за титула. Ние сме во таква ситуација што не можеме да бираме кое натпреварување е споредно. За нам е важен Купот“.