Ливерпул е подготвен да ја плати откупната клаузула на Гави

453

Ливерпул е подготвен да ја плати откупната клаузула за талентот на Барселона Гави и со тоа да направи сериозен чекор во подмладување на екипата. Актуелниот договор на 17-годишниот вундеркинд истекува за 18 месеци. Има откупна клаузула вредна 50 милиони евра и на Енфилд сериозно размислуваат дали да го направат офанзивецот свој играч пишува денешен „Мундо Депортиво“.

Неодамна од „Камп Ноу“ објавија дека приоритет на клубот е потпишување на нов договор со Гави. Клубот смета дека е време да ја подигне неговата плата која моментално е само 100.000 евра годишно. Другата причина е да се подигне предметната откупна клаузула и со тоа да се отфрлат кандидатите за потпис на младиот играч, затоа што реално Гави вреди повеќе од 50 милиони во моментов. 

 

ПретходноВардар се врати од Анталија, следува она вистинското
СледноРуфати се пресели во Романија