Се очекуваше да доминира на ЗОИ, но во Пекинг доживува кошмар

299

„Кошмарот“ на една од најдобрите скијачки на сите времиња, Американката Микаела Шифрин продолжува и на Зимските олимписки игри во Пекинг. Откако ја промаши портата во понеделникот и испадна во првото возење на велеслалом, Шифрин го стори истото во слалом, не успеа да ја заврши втората трка по ред на ЗОИ. Шифрин направи голема грешка по само седум-осум секунди и се откажа.

Американката во кариерата оствари дури 73 победи во Светскиот куп, 47 во слалом, олимпиското злато го освои во слалом во Сочи, а четири години подоцна во Пјонгчанг и злато во велеслалом, но во Пекинг засега нема среќа.

“Чувствувам навистина големо разочарување. Целата моја кариера ме научи да верувам во моето скијање. Секако притисокот беше голем, но тоа не ми изгледаше како најголем проблем денес”, изјави Шифрин по трката.

Шифрин тргна во Кина со големи очекувања, а легендарната американска скијачка Линдзи Вон веруваше дека Шифрин може да освои медали во сите дисциплини.

ПретходноИнтер ја совлада Рома и се пласира во полуфиналето на Купот (видео)
СледноПетра Влхова сензационално до златниот медал на ЗОИ