Силен отпор на Бутел Скопје, но бодовите за Е. Пелистер

152

Бутел Скопје беше на прагот да приреди сензација, на домашен терен убаво го намачи Е. Пелистер, кој едвај дојде до победа. Ги казни грешките на противникот во финишот и славеше со 21-23.

Домаќинот одигра одлично во првото полувреме, по кое имаше позитива од 12-10. Ракометарите на Бутел Скопје беа добро поставени во одбраната, резултатот постојано се менуваше, а пред самиот крај, избраниците на Жељко Бабиќ имаа негатива од три гола (12-9), Периќ од седум метри намали на два гола.

Не застанаа “бутелци”, до пред средината на второто полувреме одржуваа предност од три гола (14-11, 15-12, 16-13 и 17-14). Три грешки на домаќинот го вратија Е. Пелистер, предводен од Табоада, израмни на 17-17.

Давитковски беше изненадувањето на мечот, со гол, украдена топка и изнуден седмерец, го врати водството на Бутел Скопје на 20-18. Битолскиот тим со серија од 3-0 поведе со 20-21.

По голот на Тот за 21-21, Периќ реализираше за 21-22, на другата страна домаќинот не искористи напад за драма, Граџан стави печат на мечот.

Периќ имаше седум гола, пет постигна Табоада, во редовите на Бутел Скопје, Мојсовски имаше пет погодоци одличен беше Чаневски.

ПретходноРаботнички тоне ли тоне: Пораз и од Ангели во дебито на Михајловски!
СледноНаташа Андонова „тресе“ и асистира, а Леванте победува!