На 35. годишна возраст Себастијан Џовинко повторно се враќа во Серија А. Потпиша договор до крајот на сезоната со тимот на Сампдорија и тоа како слободен играч откако му заврши соработката со тимот на АЛ Хилал.
Некогашниот репрезетативец на Италија и член на Јувентус немаше клуд речиси една година, но очигледно дека од Сампдорија веруваат дека токму Џовинко е играчот кој ќе им помогне да се спасат од најлошото сезонава, а тоа е испаѓање од во Серија Б.