Пешевски солиден, но Штутгарт реди порази

107

Жарко Пешевски беше меѓу посветлите точки на Штутгарт на дуелот со Кил кој домашните го загубија со 29:42. Штутгарт не успеа да го турне големиот ривал, а уште на полувремето се знаеше каде ќе заминат поените (11:22 имаше Кил).

Македонскиот репрезентативец постигна четири гола исто колку и Швеѓанецот Лон и Фатхејкер. Сепак, Кил растура и се бори за титула. Јасно е дека има поквалитетен кадар и ја оправда фаворитската улога. Штутгарт е на 16. место од 18 екипи. Тимот на Пешевски е во серија од шест порази.

Филип Миркуловски остана на клупата на Вецлар во ремито Фленсбург 29:29.

ПретходноМиленковиќ го шокира Бергамо, Фиорентина е полуфиналист на Купот
СледноРоналдо јуниор потпиша за Манчестер Јунајтед